Пивотменот Милан Лазаревски ќе остане во Вардар најмалку до 2026 година откако и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“. Повеќекратниот македонски првак и репрезентативецот на Македонија соработуваат две години, а клубот беше задоволен од настапите и двте страни брзо се договорија за продолжување на верноста.
Лазаревски кој за две седмици ќе го прослави својот 24 роденден, сезонава е еден од предводниците во тимот, и со своите игри се наметна и во репрезентацијата на Македонија. Настапи на ЕП што сега се одржува во Германија, а каде Македонија играше во групната фаза.
Одличните игри, и во одбрана и во напад го ставија на пиедесталот како еден од најдобрите пивотмени во Македонија.
„Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар. Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи. Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб и управата на клубот. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице. Мое е задоволството што ќе бидат дел од таа приказна, вели Милан Лазаревски.
Клубот продолжува со задржување на играчите на кои смета и во иднина, со што костурот на тимот и во иднина ќе биде ист. Лазаревски е еден од неколкуте сегашни играчи што го продолжија договорот со Вардар.
“Големо е задоволството што успеавме да го задржиме Милан Лазаревски во нашиот тим, и покрај сите понуди што ги имаше од екипи од Европа. Тој покажа од самиот почеток на сезоната еден континуиран напредок и веќе е играч на кој може сериозно да сметаме, и ние и македонската репрезентација. Драго ми е што тој го препозна она што ние го работиме во клубот, и сигурен сум дека заеднички ќе ги оствариме сите наши зацртани цели за оваа сезона. Можам да потврдам дека 90 осто од играчите имаат догодишни договори, што укажува дека сакаме да бидеме стабилен тим и да го смениме сегашниот начинот на фукционирање на клубовите во Македонија, и Вардар да биде позитивен пример за градење на долгододишни проекти, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.
Во пролетниот дел од сезоната, во разигрувањето за титулата Вардар ќе стартува со три бода, и пред себе ќе има уште 14 кола, во обид за враќање на титулата, и за здржување на Куп титулата.