Ракомет

Марио Танкоски следните две сезони во дресот на Вардар

Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар.

Марио Танкоски следните две сезони во дресот на Вардар

Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар.

Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал, соопштија од клубот.

Танкоски потекнува од Струга од каде доаѓаат голем број на ракометни таленти и докажани ракометари.

Во својата кариера Танкоски играл за екипата на Металург 2, потоа за Металург и по четири сезони поминати во Битола се враќа во Скопје.

Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија.

To top