Македонскиот шампион, Пелистер од Париз ја почна новата сезона во Лигата на шампионите, битолчани загубија од ПСЖ, но му покажаа заби на големиот противник, конечниот резултат беше 31-29 за францускиот тим.
ПСЖ веќе со години важи за еден од најголемите ракометни тимови во Европа, па Пелистер беше отпишан од бодови за овој дуел уште кога беше извршена ждрепката, но малку фалеше да се случи сензација.
Францускиот тим водеше во текот на целиот меч, во вториот дел дојде и до највисоки осум гола разлика, беше 25-17. И тогаш почна серија на Пелистер која не ја предвидоа домаќините.
Пелистерци направија неверојатна серија од 8-2 и дојдоа на само два гола негатива. На 20 секунди до крајот намалија и на еден гол разлика, беше 30-29 за ПСЖ, но парижаните постигнаа гол во нивниот последен напад и дојдоа до победа од 31-29.
Филип Кузмановски со осум голови беше најдобриот ракометар кај Пелистер, Пешевски и Цехте постигнаа по шест. Незадржлив во составот на ПСЖ беше фантастичниот пикер Шипжак кој постигна дури 11 голови.
Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е дуелот против Фуксе Берлин на 18 септември во Битола.