Македонскиот суперлигаш Вардар денес го игра можеби клучниот натпревар во групната фаза од Европската лига на ЕХФ. „Црвено-црните“ гостуваат кај Сесвете во Хрватска, каде што со евентуална победа ќе ја остварат првата зацртана цел – пласман во втората фаза.
Пред средбата со четата на Игор Вори, вардарци остварија средба со македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски, кому му подарија потпишан дрес, а тој им посака многу среќа и успех на утрешниот натпревар против Сесвете.
По четири одиграни кола во групата Ф, Вардар е лидер на табелата со шест бода, еден повеќе од Сесвете и Кристијанштад. Последен е Тулуз без ниту еден бод.