Ракомет

Магдебург се пласира во четвртфиналето на ЛШ, Нант ја елиминира Висла

Магдебург се пласира во четвртфиналето на ЛШ, Нант ја елиминира Висла

Магдебурф вторпат го совлада Динамо Букурешт (35-29) и со победа во двомечот од десет разлика се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Германскиот колектив и покрај победата во првиот меч одигра одлично прво полувреме, во кое имаше двоцифрено водство. Дури во продолжението Магдебург се опушти и ривалот ја намали разликата.

Омар Инги Магнусон со осум реализации беше најдобар стрелец, а кај гостите се истакна Вујовиќ со шест.

Пресврт во вториот натпревар направи Нант и го елиминира тимот на Висла Плоцк со победа од 29-24.

Со по шест гола најефикасни беа Абди од Нант, како и Мичалович од Висла. Натпреварот одлично го водеа македонските судии Митревски и Тодоровски.

Поврзани теми

To top