Ракомет

Лука Циндриќ ќе биде нов ракометар на Веспрем

Лука Циндриќ ќе биде нов ракометар на Веспрем

Лука Циндриќ, во следните две сезони ќе го носи дресот на унгарскиот шампион Веспрем, објави хрватски „Германијак“.

Раководството на Веспрем и Циндриќ се договориле на двегодишна соработка, а активирана е клаузулата во која стоеше дека Хрватот може да си оди од Динамо Букурешт ако си замине и Пасквал.

Искусниот среден бек во изминатата сезона настапуваше за амбициозниот проект, со тимот од Романија играше во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа.

To top