Ракомет до 2029 година

Лазаров останува селектор на ракометната репрезентација

Лазаров вели дека водењето на национален тим, поготово на својата земја, е голема чест и одговорност. ој изрази благодарност за укажаната доверба и поддршка.

Лазаров останува селектор на ракометната репрезентација

Ракометната федерација на Македонија известува дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров.

РФМ и Лазаров соработката ја продолжија со нов договор до 2029 година.

-Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на националниот тим и македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и плодна соработка во наредниот период, во кој со заеднички труд, посветеност и јасна визија ќе продолжиме да остваруваме добри резултати и да го развиваме нашиот спорт, вели претседателот на РФМ, Александар Стефанов.

Лазаров вели дека водењето на национален тим, поготово на својата земја, е голема чест и одговорност. ој изрази благодарност за укажаната доверба и поддршка.

-Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања. Со заеднички труд, дисциплина и целосна посветеност ќе продолжиме да работиме на напредокот на националниот тим и достоинствено претставување на Македонија, со фокус на стабилност и резултати на долг рок, истакна селекторот.

To top