Романската ракометарка Кристина Неагу, објави дека ја завршува репрезентативната кариера.
35-годишната Неагу се обрати на јавноста преку социјалните мрежи по неуспешниот настап на Романија на Мундијалот, каде што таа настапи само на еден меч поради повреда.
„Уште еден несреќен турнир. Сакавме да играме во четвртфиналето и да обезбедиме место во квалификациите за ОИ. Тоа ни беше целта, а разочарувањето е големо. Се обидов да играм, но не можев. Пробав на натпреварот со Германија, но тоа не беше тоа. Официјално го најавувам моето заминување од репрезентацијата. Поминаа 17 години, во кои јас играв за сениорската репрезентација и освоив два медали. Веќе кажав дека ова е за мене последно СП“, објави Неагу.