Ракомет ЕХФ

Комплетирани четвртфиналните двојки во ракометната ЛШ

Рекордер во ракометната ЛШ во една сезона е Данецот Микел Хансен, кој во 2015/2016 година, постигна 141 гол во дресот на ПСЖ.

Комплетирани четвртфиналните двојки во ракометната ЛШ

Ракометарите на унгарскиот ПИК Сегед се последниот тим што се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако синоќа извојуваа гостинска победа над француски ПСЖ со 35-25 (17-11), со што ја надополнија негативата од првиот дуел (30-31).

Унгарците до победата ги предводеше хрватскиот репрезентативец Марио Шоштариќ, кој постигна седум голови, и дојде до бројката од 114 голови со што е најефикасен сезонава во ЛШ.

Рекордер во ракометната ЛШ во една сезона е Данецот Микел Хансен, кој во 2015/2016 година, постигна 141 гол во дресот на ПСЖ.

ПИК Сегед во четвртфиналето ќе игра против Барселона, а останатите двојки се: Веспрем – Магдебург, Спортинг – Нант и Алборг – Фуксе Берлин.

To top