Со дуелите во Шпанија, Унгарија, Словенија и Полска беше комплетирана групната фаза во Лигата на шампионите, односно по 14. одиграни рунди веќе е јасно што не очекува на патот до Келн каде се игра завршниот турнир во ова натпреварување.
Кил, Алборг, Магдебург и Барселона се слободни во првата нокаут фаза поради тоа што завршија на првите две места во групите Аи Б, поточно мирно ќе ги дочекаат нивните наредни ривали.
Бундеслигашите Кил и Магдебург ќе ги чекаат подобрите од пресметките Загреб-Монпелје, односно Гог Гудме-Кјелце.
Победникот од Висла Плоцк-ПСЖ ќе оди на мегдан со Барселона, додека последниот четвртфинален пар ќе го сочинува Алборг и подобриот од унгарското дерби Пик Сегед-Веспрем.