Хрватскиот ракометар Верон Начиновиќ ќе стане нов играч на Кил, објави германскиот прволигаш и еден од најдобрите европски клубови.
Хрватскиот репрезентативец ќе го заврши договорот со француски Монпелје, а потоа од сезоната 2025/2026 ќе игра за Кил со кој потпиша тригодишен договор.
Начиновиќ е роден 2000 година во Риека, а досега има настапувано за Замет, словенечки Целје и Монпелје каде што е од 2021 година. Пивотот, кој е висок 203 сантиметри и тежок 116 килограми, минатата сезона постигна 57 гола во францускиот шампионат и 30 во Лигата на шампионите.
Досега во дресот на хрватската репрезентација одигра 23 натпревари и постигна 50 голови, а моментално се подготвува за Олимписките игри.