Ракомет

Кармен Мартин заминува во пензија

Кармен Мартин заминува во пензија

Ракометната репрезентативката на Шпанија, Кармен Мартин, која во последните две сезони настапуваше за шведскиот Савехоф, одлучи да стави крај на својата богата кариера, пренесува шпанската „Марка“.

Токму со Савехоф пред извесен период ја освои шампионската титула во Шведска, па така искусната ракометарка на најдобар можен начин ја завршува кариерата.

Кармен Маетин пред две години се повлече од шпанската репрезентација и одлучи местото да им го отстапи на помладите колешки. На репрезентативно, но и клупски ниво, забележа многу успеси.

To top