Легендарниот француски ракометар, Никола Карабатиќ, е сопственик на многу трофеи и индивидуални достигнувања, а на натпреварот против Хрватска на Европското првенство, стигна до еден нов и престижен рекорд, со кој стана најдобар стрелец во историјата на континенталните собири.
Славниот Карабатиќ дебитираше во дресот на „триколорите“ во далечната 2002 година и оттогаш се закити со три златни и два брознени медали од Европските првенства, а со вкупно петте гола против Хрватска, го надмина на вечната листа Исланѓанецот Гудјон Вал Сигурдсон.
Карабатиќ сега има 289 гола, еден повеќе од Сигурдсон, а до крајот на турнирот сигурно ќе има шанса уште повеќе да го поправи својот рекорд. Французинот воедно е еден од двајцата ракометари со пет медали од овие собири, заедно со поранешниот соиграч, Лук Абало, а ова Европско првенство е вкупно единаесетто во неговата пребогата кариера.