Кадетската машка ракомена репрезентација на Македонија забележа победа во првото соочување со соодветната селекција на Црна Гора во првиот натпревар од мартовската ЕХФ-недела.
Во салата во Подгорица нашите надежи славеа со убедливи 20-28.
Двата теста со Црна Гора се еден вид на подготовки на Македонија за кадетскиот континентален шампионат, кој ќе се одржи летово токму во Подгорица.