На меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид за првпат го искачи домашниот тим на највисокото место на пиедесталот.
Организаторите ги соопштија и најдобрите играчи на Меморијалот, а воедно беше прогласен и идеалниот тим. Во ол-стар екипата се најдоа голманот Бојан Блажевски од Охрид, левото крило на Тримо Требње Марко Мајсторовиќ, бекот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ, неговиот соиграч Анджеј Видомски на позицијата денес бек, а најдобар кружен напаѓач е Илија Богдановиќ од екипата на Динамо Панчево.
За најкорисен играч (МВП беше избран Анте Иванковиќ од ГРК Охрид, а најдобар стрелец на турнирот е десното крило на Партизан Лазар Анѓелковиќ, кој постигна 26 голови.