Ракометарите на Исланд ѝ се приклучија на Данска во полуфиналето на Европското првенство (ЕП), откако попладнево во Малме ја совладаа Словенија со 39-31 и го обезбедија едно од првите две места во групата 2 од главната рунда.
Првото полувреме беше резултатски израмнето, но Исланд во финишот стекна предност од два гола за водство од 18-16.
Во воведниот денешен натпревар во групата 1, Португалија ја совлада Шпанија со 35-27.
Во дуелот во кој и двете репрезентации беа без шанса за пласман во полуфиналето, Португалците влегоа многу помотивирано и од самиот почеток беа во водство кое на моменти во првото полувреме изнесуваше највисоки плус шест голови разлика.
Вториот дел донесе идентична слика на теренот и рутинска победа на Португалците со која се искачија на третото место на табелата со пет бодови,
пред двата преостанатите натпревари од оваа група меѓу Данска – Норвешка и Франција – Германија.