Романскиот ракометен шампион Динамо Букурешт договори уште едно засилување пред стартот на новата сезона.
По Бранко Вујовиќ, Ханиел Лангаро, Јонут Јанку и тренерот Давид Дејвис, најново име на листата засилувања е хрватскиот кружен напаѓач Илија Брозовиќ, пишува „ГСП.
Брозовиќ е искусен ракометар, доаѓа од Хановер, а претходно беше дел од Загреб и Кил, а со неговото доаѓање станува јасно дека нова средина ќе си бара белорускиот пивот Вјачеслав Бокан.