Ракомет

ИХФ подготви нов пехар за светскиот шампион

ИХФ подготви нов пехар за светскиот шампион

За претстојното Светско првенство во Данска, Шведска и Норвешка, ИХФ подготвки нов пехар за победникот.

Пехарот има четири дела, кои се изработени од стакло, а три од нив имаат плус 21-каратно злато.

Тежи 10 килограми и оригиналниот пехар ќе се чувар во канцеларијата на Светската куќа на ракометот во Базел.

Победникот ќе добие реплика, која останува во трајна сопственост. Светското првенство започнува утре, а ќе се ирга во шест града во Данска, Шведска и Норвешка.

Поврзани теми

To top