Шпанскиот ракометен тренер Хуан Карлос Пастор и по Олимписките игри ќе остане селекторот на репрезентацијата на Египет.
Египетската ракометна федерација и Пастор се договорија да ја продолжат соработката на уште една сезона.
Египет на чело со Пастор стигна до титулата на Африканското првенство и обезбеди место на Олимписките игри.