Ракомет ЕХФ ЕУРО2026

Хрватска со победа стартуваше во главната фаза

Хрватска водеше во поголемиот дел од натпреварот, во неколку наврати и со четири голови разлика, но во последните пет минути влезе со гол предност. Во драматичен финиш, хрватските ракометари, сепак, освоија важни бодови.

Хрватска со победа стартуваше во главната фаза

Хрватска ја забележа првата победа во рамки на главната фаза на Европското ракометно првенство, откако вечерва во Малме го совлада Исланд со 30-29 во рамки на воведното коло во групата 2.

Хрватска водеше во поголемиот дел од натпреварот, во неколку наврати и со четири голови разлика, но во последните пет минути влезе со гол предност. Во драматичен финиш, хрватските ракометари, сепак, освоија важни бодови.

Матео Мараш ја предводеше хрватската репрезентација до победата со седум голови, додека Доминик Кузмановиќ имаше осум одбрани.

Во исландскиот состав, Один Рикардсон и Омар Инги Магнусон беа најефикасни со по осум голови.

Вечерва на програмата се натпреварите Швајцарија – Унгарија и Словенија – Шведска. (МИА)

To top