Македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Охрид, замина на подготовки во српскиот град Врбас, каде ќе продолжи со тренинзи, а ќе одигра и еден пријателски натпревар.
На екипата ѝ се приклучи и новото засилување, хрватскиот интернационалец Џанфранко Прибетиќ, а откако не обезбеди место на списокот на хрватската репрезентација, кон стожерот се приклучи и Анте Иванковиќ.
Од поширокиот список отпадна и Томислав Јагуриновски па на шампионатот на стариот континент Охрид ќе го претставува само Србинот Ѓукиќ. Од управата информираат дека здравствениот билтен на играчите е одличен.
Охрид веќе го пријави учествотото на силниот подготвителен турнир „Вук Рогановиќ“ во Белград. По прозивката во Охрид, веднаш по Божиќните празници. На 17 и 18 јануари охриѓани ќе играат на турнирот во Белград, каде уште ќе настапат Партизан Белград, Динамо Памчево и Тримо Требње. Македонскиот клуб ќе одигра два натпревари во два дена.
Охрид презими на третото место во Суперлигата и напролет ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.