Германската ракометна репрезентација ги искористи денешните резултати кои и одеа во прилог, па така со победа над Унгарија изби на второто место во групата 1 и сега зависи сама од себе за пласман во полуфиналето.
Унгарците парираа во првиот дел и имаа само гол негатива на паузата (18:17), но Кестер и компанија направија клучна разлика во вторите 30 минути и запишаа лесна победа од 35:28.
Кестер беше вистински лидер на домашната селекција и постигна осум гола во победата, додека по четири реализации имаа дури пет ракометари, а тоа беа Кнор, Гола, Хејман, Колбахер и Хафнер.
Со оваа победа, Германија сега зависи сама од себе, па во последното коло потребна и е било каква победа над Хрватка за да се најде меѓу четирите најдобри.