Хрватска го загуби дерби двобојот од Франција со 34-32, а француските репрезентативци и селекторот во коментарите по мечот обвинија за расизам.
Во еден момент пред крајот на натпреварот целата француска клупа скокна во обид вербално или физички да се пресметува со хрватските навивачи.
„Расистички коментари не слушнав, но навивачите се однесуваа насилно кон нас во текот на целиот меч. Не разбрав што зборуваат бидејќи не знам хрватски, но беа насилни. За таквите луѓе нема место во нашиот спорт. Беа преминати сите граници“, изјави селекторот на Франија Жил за „Беин Спорт“.