Ракомет

Фленсбург ја освои ракометната Европска лига

Фленсбург ја освои ракометната Европска лига

Ракометарите на Фленсбург го надиграа Фуксе Берлин со 36-31 и го освоија пехарот во Европската ракометна лига.

Фуксе Берлин имаше предност од 6-3, но потоа Фленсбург влезе во ритам и набрзо фати приклучок, по што на полувремето избори пресврт (15-14).

Фленсбург во второто полувреме направи исчекор кон титулата и на крајот славеше со 36-31 за да се искачи на тронот.

Најефикасен кај Фленсбург беше Јакобсен со седум голови, додека Толбринг запиша седум погодоци за Фуксе Берлин.

Во дуелот за третото место, Рајн-Некар Левен триумфира против Динамо Букурешт со 32-31.

To top