Европското првенство во Германија ќе понуди новитет, затоа што ракометни натпревари ќе се играат на стадион. Стадионот „Меркур Шпил Арена“ е подготвен за одигрување на средбите, а една од нив ќе биде и на Македонија.
Организаторот ги заврши сите подготовки за настанот. Германците целат да го урнат рекордот по број на гледачи во машкиот ракомет, затоа што се најавуваат повеќе од 50.000 гледачи на трибините.
Европското првенство во ракомет ќе го отворат Македонија и Франција на 10 јануари на овој стадион и се очекува овој меч да биде историски. Македонија никогаш не играла пред поголем број на гледачи.
Потоа, ќе следи дуелот меѓу Германија и Швајцарија од 20:45 часот.