Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер о победа над ПАОК од 36-20 дојде до вториот триумф на 52. издание на Струшкиот ракометен турнир, со кој си обезбеди место во финалето.
Така, македонскиот првак во вториот дел имаше шанса да ротира и тренерот им даде шанса на сите ракометари кои беа во записникот.
Најдобри стрелци кај Еурофарм Пелистер беа Радивојевиќ со девет гола од девет обиди и Кузманоски со шест погодоци од шест обиди. Филип Ивиќ запиша девет интервенции.
Во финалето на турнирот во Струга, Еурофарм Пелистер ќе игра против Вардар 1961 кој исто така има две победи на две средби.
Финалето се игра од 21:00 часот, а претходно од 19:30 часот ќе се сретнат шведски Гуиф и грчки ПАОК за третото место. Струга и Тиквеш ќе играат за петтото место.