Ракомет

Еурофарм Пелистер и Алкалоид вечерва ја отвораат новата ракометна сезона

Еурофарм Пелистер и Алкалоид вечерва ја отвораат новата ракометна сезона

Со натпреварот во Суперкупот меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот на Македонија Алкалоид, вечерва официјално ќе биде отворена новата сезона во домашниот ракомет.

Ракометниот Суперкуп меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид е закажан со почеток во 19.00 часот во спортска сала „26-ти април“ во Гевгелија.

Ова е седмо издание на македонскиот ракометен Суперкуп во кој, со четири титули, најуспешен е Вардар 1961, а Еурофарм Пелистер триумфираше два пати.

Во ланското издание, Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер во Струмица со 30-26.

To top