– Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следните две сезони, соопштија од клубот.
По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на битолчани.
Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар.