Ракомет

Енди Шмид селектор на Швајцарија

Енди Шмид селектор на Швајцарија

Швајцарската  ракометна легенда Енди Шмид својот последен натпревар го одигра против Македонија, а еден месец подоцна од тој дуел е назначен за нов селектор на Швајцарија.

Поранешниот најдобар играч на Бундеслигата на таа позиција ќе дебитира на пријателскиот натпревар против Данска, а потоа со репрезентацијата на Швајцарија ќе се бори за пласман на Светското првенство во 2025 година.

Шмид пет пати во кариерата беше прогласуван за најдобар играч во Бундеслигата и освои две шампионски титули на Германија со Рајн Некар Левен, а за Швајцарија забележа 218 настапи и постигна 1.094 голови.

To top