На првиот Регионален ракометен турнир во Скопје Еурофарм Пелистер славеше над Вардар во вечното дерби, со што го освоија првото место.
Битолчани победија со резултат од 25:23 во “Јане Сандански”, онаму каде што го добија и последниот меч против Вардар во рамките на македонскиот шампионат, победа која ги натера “црвено-црните” да направат промена на тренерската клупа.
Во среда во Кавадарци овие два тима ќе одиграат повторно, овој пат на Супер Купот на Македонија, со што и официјално ќе започне новата сезона.