Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја стартуваше одбраната на титулата во македонската ракометна Супер Лига.
Битолчани на гостувањето во салата „Јасмин“ во Кавадарци над ГРК Тиквеш славеа со конечен резултат 31:27. Кај победникот доминираше Пешевски со осум голови, а два помалку постигна Тајник.
На спротивната страна по пет погодоци реализираа Обина и Анастасовски. Во рамките од првото суперлигашко коло се одиграа и следните натпревари: Бутел Скопје – Куманово 29:12, Струга – Бисинов 30:31, Прилеп – Тинекс Пролет 30:30 и Радовиш – Охрид 18:36.