Ракомет

Е.Пелистер преку Вардар до трофејот во Суперкупот

Е.Пелистер преку Вардар до трофејот во Суперкупот

Ракометарите на Е.Пелистер по третпат го освоија трофејот во Суперкупот, откако по огромна драма го совладаа Вардар 1961 со 28-27 (12-13).

По четврти пат во низа, втор во официјалните натпревар пелистерци го совладаа лутиот ривал и ја отворија новата сезона со првиот трофеј.

Најефикасен играч на средбата беше Хосни со осум гола, додека кај вардарци се истакна Кавада со шест.

To top