Средниот бек на Хрватска Домагој Дувњак поради температура го пропушти последнот тренинг во „Ланксес арената“ во Келн.
Исто така, температура имал и еден од помошниците на Горан Перковац, Борис Дворшек.
Како што е познато, поради повреда заврши настапот на еден од најдобрите поединци во репрезентацијата на Хрватска, десниот бек Иван Мартиновиќ.
Хрватска мора да победи за да остане во игра за полуфинале, бидејќи главната фаза ќе ја стартува само со бод.