Двата меча кои ќе одлучуваат за новиот макеоднски првак во ракомет ќе се одиграат в сабота во ист термин.
Бранителот на титулата, Е. Пелистер објави дека натпреварот со Алкалоид од последното првенствено коло во Битола е закажан во сабота од 18 часот.
Во истиот термин ќе се одигра и дуелот меѓу екипите на Бутел и Вардар.
Во пресрет на последното коло Пелистер е прв со 38 бода, а Вардар е втор со 36. Алкалоид е на третото место со 30 бода, пред Охрид кој има 26.