Ракометниот клуб Вардар на 17 јули во Скопје ќе ги почнат подготовките за новата сезона. Според планот на стручниот штаб десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“, а потоа тимот заминува во Маврово каде ќе го реализира вториот дел од подготовките.
Во Маврово подготовките ќе бидат одработени во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје.
Досега е сигурно дека екипата ќе учествува на два турнири, во Струга од 14 до 7 август, и во Охрид од 20 до 24 август.