Шундовски: Видов позитивна реакција во еден тежок момент за Еурофарм Пелистер!

 

 

Во првиот меч како в.д. тренер, Звонко Шундовски забележа огромна победа за Еурофарм Пелистер. Тимот прв го порази големиот ривал Вардар 1961 оваа сезона (28-23) во меч во кој „зелените“ имаа целосна контрола и одлична игра, податоци кои го радуваат директорот кој е во улога на привремен предводник.

 

Реклама

 

„Екипата се развиваше многу добро на овој дерби-меч, во првите 15 минути имавме седум промашени зицери, а резултатот беше тука. Квалитетот нивен и карактерот излезе на високо ниво. Многу сум задоволен како директор и како в.д тренер што видов позитивна реакција во еден тежок момент за клубот. Одигравме многу агресивна и добра средба, едно дерби во кое дојдовме до важна победа. Честитки за сите“, изјави Шундовски.

Ситуацијата во Суперлигата сега се менува, затоа што актуелниот првак се врати во игра за тронот. До крајот на регуларниот дел оваа година има уште две кола, па тимовите одат на пауза.

 

 

Чупиќ: Ништо не се решава во декември, со 23 гола не се добива дерби

 

 

Тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ, објективно и искрено го прокоментира дерби-натпреварот против Еурофарм Пелистер (28-23) во кој неговите избраници впишаа непријатен пораз од најголемиот ривал во македонскиот ракомет.

 

Реклама

Хрватот рече дека ништо не е одлучено кога се работи за шампионската титула и призна дека пелистерци денес биле многу подобар противник.

„Кажав и пред почетокот на сезоната дека ова ќе биде еден долг ракометен маратон. Ништо не може да се одлучи во декември или јануари, сезоната ќе биде тешка и напорна. Пелистер одигра многу подобро денес и заслужено победи.

Сакаме да бидеме први на крајот на календарската година, но и тоа не е толку важно. Би сакал да им заблагодарам на навивачите на Пелистер за прекрасната атмосфера, но и на нашите „Комити“ кои дојдоа да ни дадат поддршка во Битола.

Мојот впечаток е дека не ги искористивме шансите, особено кога голманот ни се разбрани. Имавме падови во играта, штета што не успеавме да отидеме на 5-6 голови разлика, а потоа натпреварот се сврте во полза на противникот. Во финишот на првиот дел имавме шанси да се одлепиме, а шотоа во продолжението тие влегоа подобро. Имавме шанса за кам-бек, но не им замерувам ништо на играчите. Дадовме малку голови, најмалку оваа сезона, па затоа не можевме да се надеваме на победа. Со 23 гола не се победува тим како Пелистер, мислам дека ни требаа барем 30.

Не сум разочаран, иако знам дека е важно да се победи во дерби. Имавме лош ден, одиме понатаму, знам дека играчите оставија срце на терен“, изјави Чупиќ.