Ракомет

Чупиќ: Секоја победа ни е важна, Вардар ги сака сите трофеи

Чупиќ: Секоја победа ни е важна, Вардар ги сака сите трофеи

По натпреварот со Кристијанштад своето задоволство не го криеше тренерот Иван Чупиќ, кој им честита на играчите за изданието, а истовремено им се заблагодари и на навивачите за одличната атмосфера која ја направиле во салата „Јане Сандански“.

-Честитки за тимот за победата, за доброто навивање од навивачите. Сите сакаме да играме во ваква атмосфера. Очекувавме тежок меч, Кристијанштад и секоја друга екипа во Европската лига е квалитетна. Во првиот дел сакавме да го решиме мечот за десет минути, но мислам дека стабилноста која ја имавме во вториот дел во одбраната и во трпението во нападот, си изградивме резултат за заслужена победа. За три дена ни следат нови натпревари. Секоја победа е важна, по сите трофеи мора да оди, со големи амбиции. Она што ние може да правиме е да работиме макотрпно и се што е во наша моќ. Одиме чекор по чекор, меч по меч. Има работи кои треба да се подобрат, но работиме на нив“, изјави Чупиќ.

Вардарци со шест бода го презедоа пак врвот во групата, Кристијанштад има пет.

To top