Ракомет

„Чкембари“: Во знак на почит кон жртвите нема да користиме пиротехника до крајот на сезоната

„Чкембари“: Во знак на почит кон жртвите нема да користиме пиротехника до крајот на сезоната

Битолската навивачка група „Чкембари“ донесе одлука да не користи пиротехника до крајот на оваа сезона. Причината за тоа е поради големата трагедија која што се случи во саботата вечерта во дискотека во Кочани.

Покрај тоа навивачите на Пелистер уште еднаш најавија дека стојат на располагање доколку некому им е потребна помош.

„Во овие денови на тага и неверување донесовме одлука во знак на почит кон жртвите, повредените и нивните семејства во трагедијата во Кочани. Навивачката група „Чкембари“ нема да користи пиротехника до крајот на оваа сезона.

Уште еднаш изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејствата на сите настрадани. Исто така, уште еднаш изјавуваме дека сме на располагање, доколку на каков било начин можеме да помогнеме“, стои во соопштението на битолската навивачка група.

Поради трагедијата во кочанската дискотека македонскиот спорт е во пауза и ќе продолжи од следната седмица.

To top