Ракомет

Бутел се засили со кадетскиот репрезентативец Николоски

Бутел се засили со кадетскиот репрезентативец Николоски

Нов член на скопскиот клуб е Петар Николоски, 16-годишен ракометар кој потекнува од Охрид. Станува збор за кадетски репрезентативец, а со Бутел парафира договор за нередните три сезони.

Момчето веќе е во Скопје, потпиша и ќе му се стави на располагање на тренерот Горан Кузманоски.

Претходно бутелци се засилија со Давид Гришикашвили и Благојче Трајкоски, додека договорите ги продолжија Димитар Ѓоргиевски и тренеот Кузманоски.

Овој тим ќе настапи во првото коло на Европскиот куп на ЕХФ, а таму за ривал ќе го има Дуделанж од Луксембург.

To top