Женската ракометна селекција на Бразил ја оправда улогата на фаворит во пресметката со Ангола и со убедливата победа од 31-19 си обезбеди пласман меѓу најдобрите осум во женскиот ракометен турнир на Олимписките игри во Париз.
Битоло со седум и Виериа со шест гола беа најпрецизни за Бразил, додека во поразениот табор Пасквал запиша четири гола.
Очекувано, убедлива победа славеше лидерот Франција со 32-24 и со тоа ја испрати Шпанија дома со пет порази од исто толку натпревари.