Ракомет

Барселона со нокаут за ПСЖ, Веспрем во последната секунда до победа против Алборг

Барселона со нокаут за ПСЖ, Веспрем во последната секунда до победа против Алборг

Ракометарите на Барселона се на добар пат на обезбедат место на завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампионите откако забележаа убедлива победа над ПСЖ со 30:22 во првото соочување во четвртфиналната рунда.

„Светците“ беа добри во првите 30 минути и на пауза заминаа со позитива од 14-11, но по паузата видовме сосема друга слика на теренот, комплетна доминација на гостите кои одиграа брилијантно како во одбрана така и во напад и со 19-8 дојдоа до триумф со кој со едната нога се во Келн.

Мем со седум гола беше прв стрелец, додека Сипшак даде исто толку за ПСЖ.

На првиот денешен дуел Веспрем со голот на Фати Омар пред звукот на сирената славеше над Алборг со 32:31. Голема борба се водеше, гостите имаа можност да остварат далеку подобар резултат, меѓутоа домашните ракометари пронајдоа начин и стигнаа до минимален триумф кој е најава за пеколен реванш.

Ремили со 6 погодоци беше најефикасен играч на теренот.

 

Поврзани теми

To top