Репрезентативецот Јани Атанасов даде коментар по натпреварот со Фарски Острови.
„Ова беше долг и тежок натпревар, но секогаш го даваме максимумот и ги испочитувавме советите на селекторот. Им честитам на сите мои соиграчи за прикажаното. Стратегија беше да не брзаме и да бидеме стрпливи и ја дочекавме вистинската шанса.
Многупати докажавме дека можеме да се носиме со поквалитетните селекции и тоа ќе го докажеме и во Лига Б, во која ќе играме во следниот циклус на Лигата на нации“, рече Атанасов.
Овој натпревар е последен за нашиот национален тим во 2024 година, а првиот следната година е во март, кога ФИФА издвои „прозорец“ со два натпревари.