Ракомет

Андреас Вулф се враќа во Кил

Андреас Вулф се враќа во Кил

Германскиот репрезентативен голман Андреас Вулф ова лето ќе се врати во татковината и ќе брани за Кил.

Според пишувањата на германскиот „НДР“, Кил веќе ги договорил личните услови со Вулф, а сега останува уште да плати оштета на полскиот Келце.

Вулф има(ше) договор со Келце до 2028, а многу веројатно во спротивна насока ќе оди Французинот Самир Беласен.

Германецот на голот на Кил ќе формира дуо со Томаш Мрква, кој го продолжи договорот и за наредната сезона, а во 2025 година доаѓа Де Варгас.

To top