Репрезентацијата на Словачка се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри 2026 на хокеарскиот турнир за мажи.
Словачка заврши прва во Групата Б со шест бода, иако денес загуби од Финска.
Финците завршија како втори исто така со шест бода и може да се пласираат директно во четвртфиналето ако бидат најдобра од второпласираните селекции во трите групи.
Шведска заврши трета во групната фаза и ќе игра во квалификацискиот плејоф. Италија, која заврши четврта откако загуби три од трите натпревари во групата, исто така ќе се натпреварува во плејофот.