Репрезентативката на Кина Ксу Менгтао (35 години) го одбрани златниот медал во дисциплината слободно скијање ериелс. Таа за својот скок доби вкупно 112.90 поени што беше доволно за нов златен медал откако пред четири години беше олимписка шампионка и на Игрите во Пекинг.
Нејзината врсничка Даниеле Скот од Австралија го освои сребрениот медал со освоени 102.17 поени, а бронзата и припадна на Шао Ки од Кина, која имаше 101.90 поени.
За Кина ова беше втор златен медал на Игрите во Милано Кортина (првиот го освоија во сноуборд), а вкупно деветти на овие Игри.