Останати спортови

Завршниот Мастер Турнир останува во Торино до 2030 година

Завршниот Мастер Турнир останува во Торино до 2030 година

Завршниот Мастерс турнир во тенис ќе продолжи да се одржува во Торино до 2030 година, објави Здружението на тениски професионалци и Италијанската тениска федерација (ФИТП).

Одлуката се заснова на успешното организирање на настанот во Торино, кој првично беше планиран да биде домаќин на завршниот турнир до 2025 година.

Турнирот, засилен со присуството на локалниот ас Јаник Синер, привлече над 183.000 фанови оваа година, а билетите за сите петнаесет мечеви беа распродадени. Наградниот фонд достигна неверојатни 15,25 милиони долари.

Синер стана првиот Италијанец кој ја освоил титулата, откако во финалето го победи Американецот Тејлор Фриц со 6-4, 6-4.

To top