Останати спортови кредибилитет и траен углед

Високи европски признанија за македонската џудо федерација

Федерацијата беше официјално прогласена за „Најдобар европски организатор за 2025 година“, за исклучително успешната организација на Европското првенство за кадети и EYOF, реализирани со врвен професионализам, прецизност, одличен менаџмент на настани и исклучителна грижа за сите учесници, оставајќи траен впечаток кај сите присутни национални федерации.

Високи европски признанија за македонската џудо федерација

На 77. Конгрес на Европската џудо унија (EJU), одржан во Лас Палмас, Џудо федерацијата на Република Македонија оствари историски успех, добивајќи две високи европски признанија.

Федерацијата беше официјално прогласена за „Најдобар европски организатор за 2025 година“, за исклучително успешната организација на Европското првенство за кадети и EYOF, реализирани со врвен професионализам, прецизност, одличен менаџмент на настани и исклучителна грижа за сите учесници, оставајќи траен впечаток кај сите присутни национални федерации.

Џудо федерацијата

Дополнително, Европската џудо унија на претседателот Владимир Трпаноски му го додели и престижното признание „Hero of the Year“, како симбол на лидерство, визија и исклучителен придонес во развојот и промоцијата на европското џудо.

На Конгресот лично присуствуваше претседателот на Џудо федерацијата на Република Македонија, г. Владимир Трпаноски, кој во име на Федерацијата го прими највисокото признание „Best European Organiser of 2025“, како потврда за успешното институционално водење и организациски капацитети на македонското џудо.

Џудо федерацијата

Признанието е официјално потпишано од претседателот на Европската џудо унија, д-р Ласло Тот, на 14 декември 2025 година.

Џудо федерацијата на Република Македонија упатува искрена честитка и благодарност до целиот организациски тим, волонтерите, судиите, клубовите, институциите и сите партнери, чија посветеност и професионалност беа клучни за овој европски успех.

Со овие високи европски признанија се потврдуваат врвните организациски стандарди, институционалниот кредибилитет и трајниот углед на македонското џудо на европската и меѓународната спортска сцена.

To top