Останати спортови формула 1

ВИДЕО: Верстапен го освои Лас Вегас, победата ја прослави со песна од Елвис Присли

Холандскиот возач мина прв низ целта пред Шарл Леклер (Ферари) и својот тимски колега Серхио Перез (Ред Бул), додека Французинот Естебан Окон (Алпин) го освои четвртото место.

ВИДЕО: Верстапен го освои Лас Вегас, победата ја прослави со песна од Елвис Присли

Светскиот првак Макс Верстапен (Ред Бул) победи на Големата награда на Лас Вегас и ја забележа 18 победа сезона во Формула 1, а вкупно 53 во кариерата.

Холандскиот возач мина прв низ целта пред Шарл Леклер (Ферари) и својот тимски колега Серхио Перез (Ред Бул), додека Французинот Естебан Окон (Алпин) го освои четвртото место.

Во пласманот на конструктори, Мекларен се врати на четири бодови до Мерцедес во борбата за второто место, зад Ред Бул, кој од порано ја обезбеди шампионската титулата.

Трката во Лас Вегас која се возеше рано утрово по средноевропско време беше 21 и претпоследна во календарот за оваа сезона која ќе финишира идната недела во Абу Даби.

To top