Светот на Формула 1 од новата сезона би можел да има поинаква димензија и тоа во делот на технологијата на снимање на трките, откако тимот на Ред Бул промовира беспилотно летало што може да лета со брзина од 350 километри на час.
Дронот со ова може да сними трка и да се изедначи по брзина со најбрзиот болид во светскиот шампионат. Има издржливост на батеријата од три минути и домет од десет километри, што е доволно да се снимаат по два круга и тоа од секој дуел во висока резолуција и на ниво кое досега не е видено. На Ред Бул му беше потребна повеќе од една година да создаде ваков дрон кој може да одговара на брзината на болидите на Формула 1. Тој е единствен по тоа што вклучува вртење, забрзување, траење на батеријата, како и навигација под мостови и билборди на патеката.
„Никогаш не мислев дека ќе видам беспилотно летало да оди толку брзо. Бев изненаден колку брзо може да оди и да го одржува темпото и му дава малку поинаква перспектива на гледањето на Формула 1“, изјави актуелниот шампион, Макс Верстапен.
Новата сезона на Формула 1 почнува на втори март и тоа со трката за Големата награда на Бахреин на патеката „Сакир“.
🚨 El dron que graba a 350 km/h y puede cambiar la televisión de la F1.
🗣️ “Nunca pensé que vería un dron yendo tan rápido solo para grabar imágenes de la cámara”, afirmó Verstappen.
MARCA, estuvo en la presentación de este RBD-1, capaz de volar y grabar en HD a 350 km/h. pic.twitter.com/p34todaK4D
— MARCA (@marca) February 27, 2024