Останати спортови бадијала кенкање пред камера

ВИДЕО: Олимпиецот кој пред камера призна дека ја изневерил девојката, доби одговор – Има ли надеж за втора шанса?

ВИДЕО: Олимпиецот кој пред камера призна дека ја изневерил девојката, доби одговор – Има ли надеж за втора шанса?

Откако бронзениот медалист на Олимписките игри во 2026 година, норвешкиот биатлонец Штурла Холм Лагреид (28), призна пред камерите дека ја изневерил својата девојка и јавно се расплака поради тоа, и со солзи побарал прошка, јавноста доби одговор од другата страна.

Целиот свет го чекаше одговорот на мистериозната девојка и тој дојде можеби побрзо отколку што се надевавме, но исходот не беше позитивен – таа не му даде втора шанса.

Тие беа во врска шест месеци, а Лагреид ѝ кажал само пред една недела дека ја изневерил и дека тоа се случило пред три месеци.

Во писмо до норвешкиот весник VG, таа вели: „Дури и по изјава за љубов пред целиот свет, тешко е да се прости. Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и ме боли што морам да бидам во неа. Во меѓувреме имавме контакт и тој знае што мислам за ова.“

Таа додаде дека сака да им се заблагодари на своето семејство и пријателите кои ја поддржувале во овој период, како и на сите други кои мислеле на неа и сочувствувале со неа, без да знаат кој е таа.

По ова, ВГ го контактирала Лагреид за да добие одговор, но олимпиецот не сакал да коментира, пишува Дејли Меил.

To top